ВестиПопуларно

Српскиот пејач открил дека го запознал човекот чија сопруга ја усмрти на автопат во Македонија: „Спијам по два часа“

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид неодамна во Македонија имаше сообраќајна несреќа во која животот го загуби жена која ја прегази на автопат.

Имено, по тој немил настан којшто неодамна му се случи на пејачот, Ѓорѓе Давид се појавил на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и во таа прилика открил дека се сретнал со човекот чија сопруга настрадала во несреќата.

„Разговор којшто го водевме беше крајно нормален, крајно човечки, крајно татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум татко на женско дете и тоа е нешто што мене во животот ми беше важно, поради тоа што знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот којшто беше зад воланот.

Мене ми е многу важно дека спроти мене има човек којшто е апсолутно свесен за целата ситуација и човек којшто постапи како што може да се постапи во тој момент. Единствено што можеше да биде подобро е пред несреќата да не се појавев јас и да не се случеше тоа што се случи“, изјавил Ѓорѓе Давид за српски „Блиц“.

Разговорот траел 45 минути

„Го замолив својот адвокат Виктор да најде начин да дојде до човекот, не го повикав лично. Седевме на јавно место еден спроти друг и тоа беше еден неверојатно емотивен разговор којшто траеше 45 минути и тоа никогаш нема да го заборавам“, изјавил пејачот.

„Јас имам обврска во градот Куманово во Македонија во Јавното обвинителство да се јавувам на секој 15-ти во месецот… Јас воопшто не сум спиел, одвај успевам да спојам два часа сон“, додал пејачот.