ВестиПопуларно

Убиен Македонец во Германија

Медиумите од Германија пренесуваат дека бил убиен 32 годишен Македонец во Есен. Како што се пренесува, тој во два часот наутро имал недоразбирање со двајца Еритрејци кое за жал ескалирало и завршило фатално за нашиот сограѓанин.

Конфликот набрзо се претворил во тепачка во која Македонецот бил тепан од двајцата (25 и 29 годишна возраст) со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведокот на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира но за жал веќе предоцна. “Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд портпаролот на полицијата.”

Сведокот успеал добро да ги опише осомничените па полицијата успеала да го уапси 25 годишниот осомничен на железничка станица во Есен, а 29 годишниот на железничката станица Милхајм.

Не се јасно која била причината за караницата која доведе до овој резултат. Случајот моментално се истражува од Јавното обвинителство на Есен.

За понатамошна истрага можете да прочитате тука