ВестиПопуларно

Филмска приказна: Маж киднапиран како дете пред повеќе од 70 години е пронајден жив

Мажот киднапиран како шестгодишно дете пред повеќе од 70 години е пронајден жив.

Луис Армандо Албино исчезнал на 21 февруари 1951 година, откако една жена го киднапирала во парк во Западен Оукленд, Калифорнија.

Момчето во тоа време си играло со својот постар брат Роџер, од кого се разделил кога непозната жена го намамила со ветување дека ќе му купи слатки.

За жал, случајот беше мртов со децении, но посветената внука не се откажа и упорно барала одговори за семејството. Ужалената мајка на Луис никогаш не изгубила надеж, но таа починала во 2005 година на 92-годишна возраст без воопшто да знае што се случило со нејзиниот син.

Неверојатната вест дека Луис, кој сега има 79 години, е пронајден се појави викендов откако беше откриено дека бил намамен преку граница и предаден на брачен пар во Њујорк.

79-годишниот Луис повторно се соедини со својот брат Роџер (82), непосредно пред неговиот постар брат за жал да почине од рак минатиот месец.

Трагата на Луис ја следела внуката Алида Алекин (63), која направила ДНК тест на интернет и користела архиви од весниците во нејзината неуморна и упорна потрага по одговори. Нејзините напори вродиле со плод и конечно оваа година, со помош на полицискиот оддел во Оукленд, ФБИ и Министерството за правда, го пронашла Луис.

Од љубопитност, таа направи ДНК тест во 2020 година и се обрати до Луис откако нивната ДНК се совпаѓа со 22 проценти. Иако никогаш не слушнала за него, неговите ќерки почнале да истражуваат и да бараат сè за нивниот татко кога ги откриле неговите слики на микрофилм во локалната библиотека.

Откако браќата повторно се сретнале, Алида раскажала како нејзиниот вујко ја прегрнал и и рекол: „Ви благодарам што ме најдовте“.

Луис го поминал својот живот работејќи како пожарникар и служејќи во Маринскиот корпус во Виетнам.

„Се зграпчија во силна и долга прегратка. Седеа и едноставно разговараа“, рекла Алида.

Зборувајќи за смртта на другиот брат, кој доживеал да дознае што се случило, Алида вели дека „умрел среќен“ и оти си заминал „во мир со себе знаејќи дека брат му е пронајден“.

Иако Луис сè уште нема дадено интервју за медиумите, останува непознато зошто е киднапиран. Луѓето за кои верувал дека се негови родители веќе починале, а додека растел во Њујорк, тие одбивале да одговорат на какви било прашања.

Зборувајќи за нејзината баба и мајката на Луис, Алида додаде: „Секогаш чувствуваше дека тој е жив. Тоа го носеше со себе во гробот“.

ФБИ соопшти дека случајот „исчезнато лице“ сега е затворен, но киднапирањето останува под истрага.