ВестиПопуларно

(ФОТО/ВИДЕО) Скандал: Политичарка од Тајланд фатена гола во кревет со посвоениот син: „Не е како што изгледа …“

Невиден скандал го потресе Тајланд, откако на социјалните мрежи се појави видео на успешниот инвеститор Јилтед Ти како провалува во стан и ја наоѓа сопругата политичарка во кревет со нивниот посвоен син – кој случајно е монах.

Имено, на видеото се гледа моментот кога бизнисменот ги изненадил љубовниците додека тие биле голи во брачната спална соба во нивниот дом во Сухотаи, Тајланд.

Влегол во собата и видел голи сопругата и синот

Мажот (64) влегол во станот, а потоа и во спалната соба и ги тргнал чаршафите при што ја открил голата сопруга од Демократската партија Прапапорн Чоеивадкох (45), а потоа го видел својот посвоен син Фра Маха гол.

Додека шокираните љубовници се обидувале да станат од креветот, се слуша како бесниот сопруг, познат само како Ти, вика: „Дали сте сега двајца среќни?“

„Немавме секс, ништо не се случи“

– Немавме секс. Ништо не се случи, не е како што изгледа на видеото. Имаше некои проблеми, па само разговаравме заедно, а потоа отидовме да се истушираме – изјавила жената за локалните медиуми.

Како што објаснил бесниот сопруг за медиумите, тој се сомневал во сопругата. Токму тој ден решил да вози 5,5 часа од Бангкок до Сухотаи за да ја фати на дело.

„Тој ја заведе мојата сопруга!

Тој додаде дека за целата ситуација го обвинува својот посвоен син и дека ја „завел неговата сопруга“.

Богатиот инвеститор изјавил дека минатата година неговата сопруга му рекла дека и е жал за монахот и потоа го прашала дали можат да го „посвојат“.

– Мојата сопруга отсекогаш била многу религиозна. Се сретнавме дури и во еден локален храм, но неодамна забележав дека повеќе време поминува со млади монаси – рекол измамениот маж.

„Ја видов како влегува во колибата на монахот“

„Дури ја видов како влегува во колибата на монахот кога се затворија завесите. Долго тропав на вратата, но никој не ми одговори. Кога таа излезе, ми беше сомнително, но таа рече дека се моли со монахот“, рекол тој.

„Бев толку лут кога ги најдов заедно“

„Дојдов рано дома кога таа не се јави на телефон. Се сомневав дека нешто не е во ред. Бев толку лут кога ги најдов заедно, се чувствувам толку изневерено. Дури и донесов злато и ѝ давав многу подароци низ годините“ – заклучил тој.

Претставниците на Демократската партија во земјата ја суспендираа жентаа која го изневерувала својот сопруг.

Прапапорн, позната и како „Госпоѓа Пле“, е демократ од 26 март минатата година, но е неактивна во партиските работи од општите избори во мај минатата година.

На будистичките монаси во Тајланд не им е дозволено да бидат сами со жени, а тие исто така се заветуваат на целибат за да им послужат како пример на своите приврзаници.