Вести

(ФОТО) Затворен гп Богородица! Голем пожар на границата со Грција

Пожар избувна на граничниот премин Евзони во Грција, јавуваат грчките медиуми и туристи кои моментално се таму.

Пожарот избувнал нешто по 12 часот на тревната површина. На терен се 22 пожарникари и 10 возила, пишува „Прототема“.

Поради пожарот затворен е патот кон граничниот премин Евзони, а полицијата го пренасочува сообраќајот.

Како што пренесува грчкиот портал „newsbomb“, на местото на настанот има и хеликоптер кој го гасне пожарот од воздух.