ВестиПопуларно

(ФОТО) Овој детаљ многумина го пропуштиле! Погледнете што направија Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот за време на прославата на кралскиот роденден

Кејт со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и децата Џорџ, Шарлот и Луис учествуваа на церемонијата за прослава на официјалниот роденден на кралот Чарлс III.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (42) изненади многумина со своето појавување на јавен настан по шест и пол месеци отсуство.

Иако првично беше најавено дека нема да присуствува на церемонијата „Trooping the Colour“ во чест на официјалниот роденден на кралот Чарлс, Кејт реши да се појави.

Прекрасен момент од прославата

Еден симпатичен момент од прославата многумина го пропуштија, а тоа беше резултат на временските услови во Лондон тој ден.

Кондензацијата имаше ефект на целосно замаглување на прозорците на кочијата, блокирајќи го погледот на семејството кон толпата и обратно.

Кејт и нејзината ќерка Шарлот брзо почнаа да работат бришејќи ги прозорците рачно, што им донесе насмевки на присутните.

Кејт присуствуваше на церемонијата со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и децата Џорџ, Шарлот и Луис.

Нивното присуство на јавниот настан воодушеви многумина, а особено беше забележлива желбата на Кејт да се погрижи и нејзините деца да уживаат во убав семеен ден и прослава на роденденот на кралот Чарлс.

Борба против болеста

Битката на Кејт со ракот е тема на многу шпекулации. Иако се очекуваше да се повлече од јавниот живот, таа на јавноста и откри како напредува нејзиното лекување и најави потенцијална вршење на должностите во текот на летото.