Вести

(ФОТО) Руските бомбардери “Su-34” седат изложени на пистата, но поради неверојатна причина Украина не смее да ги гаѓа со разурнувачки ракети на “ATACMS”

Изложените руски бомбардери Су-34 во воздухопловната база Воронеж продолжуваат да бидат стратешка фрустрација за Украина. Тие „седат“ изложени, а не смеат да ги допираат.

Во близина на североисточна Украина, руските ловци-бомбардери Су-34 стојат изложени на воен аеродром, подготвени за нивната следна мисија. Воздухопловната база Воронеж Малшево служи како клучна точка за лансирање на 47-от гардиски бомбардерски воздушен полк на руските воздухопловни сили. Тој полк често го гаѓаше регионот Харков, нанесувајќи им штета на украинските сили и цивилите со разурнувачки бомби.

Сателитските снимки откриваат Су-34 и други авиони на пистата во воздухопловната база Воронеж Малшево. Сместена на само 160 километри од украинската граница, базата е во домет на украинскиот воен тактички ракетен систем (“ATACMS”) од САД, кој има дострел од 450 километри. Сепак, Соединетите Држави ја ограничуваат Украина да користи “ATACMS” за напад на признаена руска територија, ограничувајќи ја нивната употреба на суверени или окупирани територии. Тоа ограничување беше истакнато кога Украина го искористи “ATACMS” за да го нападне Севастопол на окупираниот Крим, при што загинаа најмалку четири лица, а беа повредени повеќе од 150. Официјална Москва ги обвини САД и вети одмазда.

Киев, желен да ги попречи руските воздухопловни сили и да ги уништи авионите Су-34, често прибегнува кон беспилотни летала за овие мисии, и покрај ризикот да се спротивстави на руските електронски системи. На почетокот на овој месец, Украина лансираше повеќе од 70 беспилотни летала во воена воздушна база во руската област Ростов, на речиси 200 милји од границата. Сателитските снимки од аеродромот во близина на Морозовск покажуваат наредени бомбардери Су-34. Руски канал на Телеграм цитираше извор од рускиот Генералштаб кој го опиша украинскиот напад: Повеќето од дроновите беа соборени, неколку не. Имаме шест загинати, меѓу кои и двајца воени пилоти. И повеќе од десет ранети, изјави споменатиот руски воен извор.

Како што војната продолжува, Русија ја зголеми употребата на моќни клизни бомби, произведени со прикачување на крила и навигациски системи на бомбите од советската ера. Ова им овозможува на авионите како Су-34 да ги исфрлат од побезбедни растојанија. Неодамна, руски канали на Телеграм споделија видео од првата борбена употреба на руската тритонска клизна бомба ФАБ-3000, фрлена од Су-34.

Американскиот тинк-тенк, Институтот за проучување на војната (ISW), го коментираше појавувањето на овие бомби на украинското бојно поле. Фактот дека руските сили сфатиле како да го лансираат FAB-3000 е значителен напредок и ќе го зголеми деструктивниот потенцијал на тековните напади на руски крстосувачки ракети врз украинските сили и инфраструктура, велат од ISW.