ВестиПопуларно

Шефот на руските шпиони: Франција ќе праќа војска во Украина, ќе завршат како секој во историјата што дошол тука со меч

Русија има информации дека Франција веќе подготвува воен контингент за праќање во Украина, кој во почетната фаза ќе брои околу 2.000 луѓе, изјави денеска директорот на Надворешната разузнавачка служба (SVR) Сергеј Наришкин.

„Сегашното раководство на Франција не се грижи за смртта на обичните Французи и грижите на генералите. Според податоците кои ги има руската надворешна разузнавачка служба, веќе се подготвува контингент за праќање во Украина. Во почетната фаза би требало да има околу 2.000 луѓе“, рекол Наришкин, пренесува „Tass“.

Според зборовите на директорот на Надворешната разузнавачка служба, француската војска стравува дека толку значајна единица нема да може тивко да биде префрлена во Украина и да биде таму стационирана.

„Така ќе стане приоритетна легитимна мета за напад од Вооружените сили на Русија. Тоа значи дека ќе ја доживее судбината на сите Французи кои некогаш со меч дошле на територијата на рускиот свет“, истакнал Наришкин.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон кон крајот на минатиот месец изјави дека не исклучува можност за праќање на копнени сили од западните земји во зоната на специјалната воена операција. Макрон изјавил и дека западните држави „планираат да направат сè што е потребно за да ја спречат Русија да ја преземе иницијативата во судирот“.