ВестиПопуларно

Што ни е гајле, пуни сме пари: За еден ден завршува гарантираната цена, храната може да поскапи

Само уште утре граѓаните ќе можат да купуваат некои основни прехрамбени производи со гарантирана цена. Од први март таа ознака ја снемува. Ќе пораснат и царинските давачки за некои зеленчуци.

За жал, продолжување на овие одлуки нема да има, а пред граѓаните е нов ризик од поскапување, пишува “Телма”.

„Минатото искуство покажа дека после прекин на мерката има пораст. Глобално гледано има стабилизација на цените на инпутите и затоа практиките на движење на цената треба да се анализираат и моторираат. Ако постојат монополски здружувања треба да се реагира со други форми на мерки. Замрзнувањето на цените го дадоа своето, но исто така таа мерка мора да прекине. Треба да се води смека и за фискалниот простор и сепак живееме во пазарна економија“, вели Благица Петрески од “Фајнанс Тинк”, пренесува “Телма”.

Според анализите, ваквите мерки не биле доволно таргетирани, а најмногу корист од нив имале богатите. Сепак, потоа помогнале и кај најранливите.

Петрески додава дека дел од препораките се дека ние треба да научиме дека зачестеноста на кризите ќе биде многу поголема и треба економијата да ја направиме поотпорна, а не одново да се спасуваме.

Завршува и мерката со која царинските давачки за зеленчукот се намалија за 10 проценти.

Од Министерството за економија пред неколку дена рекоа дека мерките нема да продолжат.

Во меѓувреме една статистика покажа дека на четиричлено семејство му се потребни 1.000 евра за да го пројде месецот. Сите си имаме по 1.000 евра, што ни е гајле.