ВестиПопуларно

Што тоа се случува во Канада и зошто е толку цензурирана?

Ова не го измислуваме ние, туку го кажува Такер Карлсон на неговата емисија од пред 5-6 дена. Видеото почнува муабетот дека Канада има тоталитарна власт. Интересна изјава за земја, која според нашата перцепција, заедно со скандинавските земји е една од најлибералните во светот.

„Па, тоа што го имате во држава како Канада, каде имате авторитарна власт која ги одзема човековите права на средната класа која изумира, и каде што нема медиуми, односно немате речиси никој кој што се спротивставува на лагите. Има можеби уште еден медиум во Канада кој се спротвставува, кој поставува многу прости прашања на луѓето кои ја водат државата како “Зошто го правите ова, може ли да одговорите на прашањето?”. Тоа е “Rebel News”“, вели Такер Карлсон.

Потоа познатиот водител продолжува:

„Гледајте како еден од нивните репортери се обидува да ја праша Кристиа Фриленд, која е министерка за финасии во Канада, мина многу години во Вашингтон, позната на луѓето во Вашингтон како некој со ниска интелигенција и сега има моќ и не сака да одговара на прашања од единствениот независен медиум преостанат во Канада. Гледајте што се случува кога репортерот се обидува да ја натера да му одговори на прашањето“, вели Карлсон, по што го пушта видеото од ситуацијата во Канада.

Откако се обидува да и постави прашање на Фриленд, новинарот налетува и се удира во член на нејзиното обезбедување, по што го апсат на лице место.

Репортерот вели :„Ова е денеска нашата Канада народе“ .

„Па, Канада се наоѓа во многу мрачно место во моментов, ние ќе одиме таму многу набрзо да се увериме самите што се случува“, заклучува Карлсон на ова видео објавено на платформата “X”.