ВестиПопуларно

41 годишна Македонка брутално убиена пред својот син

Во последно период убиствата врз македонски граѓани како да драстично расте. Повторно има случај во Есен, Германија, каде што Македонка била прободена до смрт од својот маж пред очите на 8 годишниот син.

Кога пристигнала германската полиција ја нашле жената во вир од својата крв. Докторите од итната помош пробале сè што можат за да ја спасат но за жал било предоцна.

Постариот син (16) го пријавил во полиција овој ужасен настан. Како што кажува тој, кога се вратил дома, неговиот брат стоел пред заклучената врата од станот и го известил дека нивната мајка е внатре и дека лежи на под.

Во меѓувреме, полицијата започнала голема потера по која се заклучило дека виновник е сопругот на жртвата. Набргу потоа осомничениот повикал полиција да ги информира дека побегнал во соседниот град, Гелзенкирхен. Потоа ги информирал надлежните од локацијата каде што се наоѓа каде што дозволил да биде уапсен без да пружи отпор.

Сè уште не е јасен мотивот за убиството. Ова е второ убиство во Есен, Германија неделава кај што е жртва Македонец