ВестиПопуларно

„Не тепаа и не ограбија, а потоа ме силуваа“: Страшно видео од шпански блогери кои патувале низ Индија

Шпанскиот блогерски пар Винсенте и Фернанда, кои биле на мотоциклистичко патување низ Индија, објавиле на социјалните мрежи дека група мажи ги нападнала, ограбила и ја силувала Фернанда.

Тие на 1-ви март објавиле снимка на која се гледаат модринки и оток на лицето, додека двајцата изгледаат потресено. Тие за шпанските медиуми изјавиле дека биле нападнати во округот Дунка во индиската држава Џарканд, популарна туристичка дестинација.

Тука застанале на патување за Непал да се одморат и поставиле шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, како што тврдат, седум момчиња влегле во шаторот и ги нападнале.

„Ме силуваа седуммина“

„Ме силуваа седум мажи. Не тепаа и не ограбија, иако не земаа многу работи бидејќи намераа им беше да ме силиваат“, рекла Фернанда на шпански на снимката и додала дека им се заканиле дека ќе ги убијат.

„Не совладаа. Ми ставија нож на врат и ми рекоа дека ќе ме убијат“, вели Винсенте на една од видео снимките. „Фернанда е силувана. Седум од нив. Седум мажи. Кучкини синови“, додал тој.

„Вилицата ми е скршена, но Фернанда мина полошо. Ме удрија со шлем по глава“, вели Фернандо во една од видео снимките кои во меѓувреме биле избришани од социјалните мрежи.

Полицијата во Думка за новинарите рекла дека шпанскиот пар е префрлен во локална болница на лекување. „Парот зборуваше мешавина од шпански и англиски, па патролниот тим на почетокот не ги разбираше. Но делуваа видно потресени, па се одведени на лекување“, рекле од полицијата и додале дека силувањето им го спомнале на лекарите.

Четворица се уапсени, тројца се во бегство. Полицијата не споменува силување

Полицијата подоцна додала дека уапсила четворица мажи, а дека по тројца се трага. Нивниот идентитет не е познат, но познато е дека се трага по нив бидејќи ја тепале Фернанда. Силување не се споменува.

“BBC” ја контактирал бразилската амбасада во Индија, која соопштила дека Фернанда, која има двојно бразилско-шпанско државјанство, и Висенте биле жртви на сериозен напад. Од амбасадата за “BBC” рекле дека ја контактирале жената преку локалните службеници, како и шпанската амбасада, бидејќи парот користел шпански пасоши за влез во Индија.

На своите мотоцикли минале низ повеќе од 60 земји откако пред 5 години го започнале својот пат околу светот од Барселона.