ВестиПопуларно

“Times” ги праќа Британците во Скопје: „Перфектен есенски одмор, на само 3 часа од вас“

Британскиот весник го почнува својот текст со муабетот дека главниот град на Македонија многу брзо станува фасцинантна, евтина и поразлична дестинација од било која друга.

Кафе култура, голем број на “бужи” барови со предобри македонски вина, нови молови, безброј музеи. Котлина меѓу многу планини, низ која минува реката Вардар. Најразлични видови на архитектура – вака “Times” им го опишува Скопје на своите читатели.

Потоа велат: Скопје на времето бил главна трговска точка на Балканот. Родниот град на Мајка Тереза е калеидоскоп од етничка мешавина, религии и традиции, и џамии под најголемиот во Европа Милениумски крст!

Потоа ги советуваат Британците да го посетат Градскиот Музеј, ресторан Пелистер, па да одат на Кале, да јадат во Скопски мерак, да се прошетаат во парк или на кејот на Вардар.

Не го заборавиле ни Кањонот Матка, Крстот на Водно и жичницата и уште неколку барови.

Текстот во целост можете да го прочитате ТУКА.