Друго

(ВИДЕО) Јокиќ и соиграчите славеа со “Македонско девојче” насред Париз

Кошаркарите на Србија го освоија бронзениот медал на Олимпијадата која се одржува во Париз. Тие во мечот за трето место ја победија Германија, откако претходно одиграа одличен меч против фаворизираните САД. Иако загубија, го воодушевија целиот свет.

По победата, во центарот на Париз ечеше „Македонско девојче“ од грлата на српските кошаркари. Никола Јокиќ и екипата ја прославија освоената олимписка бронза во едно кафуле во Париз, каде што изнајмиле и пејач на народни песни да ги забавува.

Во еден момент, селекторот Пешиќ го зеде микрофонот, ја прекина парадата на српски хитови и ја запеа „Македонско девојче“.

Никола Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите кошаркари ја запеаја македонската песна.