Друго

Го проверував телефонот на маж ми и најдов голи фотографии од мајка ми: Животот ми се згади, но тоа не беше најлошото, шокот допрва следуваше

Мајка ми преку телефон ми призна дека е во врска со мојот маж. Ми кажа дека ќе го исфрли татко ми од куќата, а дека мојот маж ми ќе се всели таму како и дека ќе ја земе нашата четиригодишна ќерка, а мојот сопруг истата вечер го призна сето ова.

„Заедно бевме откако имав 19 години, а тој 21 година. Мајка сум и денес не би требало да се соочувам со вакво нешто“, напиша анонимна жена на „Reddit“.

„Маж ми, ми кажа дека ќе ме напушти за да се пресели кај мајка ми. Дознав дека тие двајца биле љубовници веќе шест години, а сè започнало пред раѓањето на нашата ќерка“, раскажува очајната жена. Таа исто така вели дека нејзиниот сопруг и мајка ѝ секогаш добро се сложувале, но никогаш не помислувала дека би можеле да имаат афера. „Ми се лоши кога ќе помислам на сето тоа“, додава жената.

„За работата да биде уште полоша, мојот сопруг вели дека ќе ја однесе нашата ќерка неколку илјадници километри подалеку од мене, од Арканзас со Лос Анџелес, како и дека грижата за неа ќе ја препушти на мајка ми. Јас му кажав дека нема да ми ја земе ќерката, но тој се спротивставува и вели: „Таа ќе живее со мене, а твојата мајка ќе и биде маќеа“, раскажува жената.

Таа вели дека случајно го употребувала телефонот на маж ѝ, кога забележала несоодветни фотографии и пораки од мајка ѝ, што ја шокирало и нејзе но и нејзиниот татко.

„Мојот татко е постојано под стрес, многу е вознемирен. Не знам како ќе се носи со ова. Покрај тоа што се разведувам од сопругот, за тој да биде со мајка ми, се прашувам како емоционално да се справам со оваа ситуација. Тие двајца дури меѓусебно се нарекуваат „моќен пар“, раскажа очајната жена, а пренесува „Mirror“.