ДругоЗабава

Небесен спектакл кој ретко се гледа ! Никој нема поим како се случило ова, луѓето се зачудени – мислеле дека е монтажа! (ВИДЕО)

Необично видео од Кина стана вирално на социјалните мрежи, предизвикувајќи дискусии за потеклото на „небесниот феномен“.

Видеото прикажува седум „сонца“ наредени на небото, секое со различен интензитет на светлина.

Сцената, која изгледа како сцени од научно-фантастични филмови, ја снимила г-ѓа Ванг додека престојувала во болница во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан.

Видеото набрзо стана хит на мрежите, предизвикувајќи различни коментари.

Некои корисници тврдеа дека феноменот се должи на глобалното затоплување, додека други се шегуваа дека има дефект во магнетното поле, па паралелните универзуми конечно се вкрстуваат.

Видеото кое трае околу една минута го прикажува „феноменот“ од повеќе агли. Иако на почетокот изгледа како монтажа, тоа е всушност оптичка илузија создадена со прекршување на светлината низ стаклото од болничкиот прозорец.

Оваа илузија, и покрај објаснувањето, остави силен впечаток кај набљудувачите, бидејќи се работи за ретко виден „небесен спектакл“.