ДругоСпорт

Паскал Сиакам изненадно го напушта Торонто

Можеби еден од понеочекуваните трансфери го удри НБА светот. Имено, Паскал Сиакам беше дел од трампа помеѓу Торонто Репторс и Индијата Пејсерс. Во трејдот, Индијата го добива Паскал Сиакам, додека торонто го добива бившиот соиграч на Никола Јокич, Брус Браун, Џордан Нвора, плус три идни први пикови во драфт. Во трејдот Индијана доста паметно го задржаа младиот талент во својот тим па затоа и не е некое чудо што мораа да дадат три пикови од драфт.

Вестите за Сиакам силно го удриа Торонто. Ако се земе во предвид дека пред скоро недела дена го трампаа О.Г. Ануноби во Њујорк кој исто така беше една од sвездите на екипата. Со овој трансфер доаѓа крајот на ерата за шампионското Торонто, и напуштањето на Паскал Сиакам на некој начин симболизира нов почеток за Канадската екипа. Веќе одиграа еден натпревар без Сиакам кој доста изненадо го доминираа против Мајами Хит.

Со оглед на тоа што Сиакам беше клучна алка во тимот и една од причините поради којашто Репторс станаа шамоини, ќе виде доста интересно да се види како ќе се уклопи во Индијана, особено со Тајрис Халибуртон кој до сега има покажано како играч кој ќе доминира во НБА.