ЖивотниПопуларно

(Видео) Застрашувачки предатор: Кит за само две минути убил голема бела ајкула

Научниците неодамна снимиле страшна глетка во која еден кит убиец за само две минути убил голема бела ајкула, што е доказ дека овие моќни морски цицачи не мора секогаш да ловат во јата.

Во видеото се гледа како ајкулата очајнички се обидува да побегне, пред да исчезне под површината. Кратјо потоа, китот мирно заминува, носејќи го во уста црниот дроб на ајкулата.

Во истражувањето објавено на 1-ви март во списанието “African Journal of Marine Science”, научниците потврдиле дека станува збор за првиот снимен случај една орка да улови и изеде голема бела ајкула без помош од другите припадници на својот вид.

Инцидентот се случил во јуни минатата година, кога истражувачите на туристички бродови препознале два кита, познати како Порт и Старборд, поради нивните перки на грбот јужно од Островот на фоките во Јужноафриканската Република. Тие две единки веќе стекнале репутација на страшни ловци, кои тимски напаѓаат бели ајкули и ги јадат нивните црни дробови богати со нутриенти.

Кратко потоа, забележале и 2,5 метри долга бела ајкула била нападната од Старборд.

Кутот убиец ја зграбил рибата за една перка и ја протресол, а потоа прецизно и ја отворил утробата. Порт цело време бил оддалечен 100 метри и не учествувал во ловот.