Животни

(Видео) Кој да знае дека петливе се канибали…

Канибализам – чин на конзумирање на друга единка од истиот вид како храна. Канибализмот е вообичаена еколошка интеракција во животинското царство и е забележан во повеќе од 1.500 видови. Човечкиот канибализам е добро документиран, и во античко и во поново време – ова по дефиниција е канибализам, барем според македонскиот превод на Википедија.

Е сега, според дефиницијава и статистиката дека канибализмот е забележан кај повеќе од 1.500 видови, можеби ќе испадне дека само ние во редакција не сме знаеле за петливе…ама сепак, ќе си истераме до крај и ќе ви го пуштиме видеово.

На профилот “Dabzy” на ТикТок, фановите на ова момче му даваат предизвик “Јаде пилешко месо пред очите на петел за 20.000 лајкови”. „Што ви е проблемот?“, вели дечкото на видеото.

Потоа, тој зема похована пилешка града, почнува да јаде, а во другата рака држи петел. Ни две секунди не проаѓаат, петелот му гризна пола од месото… Погледнете.