Животни

(Видео) Може сме досадни со гавраниве, ама ние сме импресионирани

Пред неколку дена објавивме за гавран што користи “виша математика” за да ја ослободи храната која сопственикот му ја става во цевка…да не објаснуваме, можете да се потсетите ТУКА.

Сега налетавме на две нови видеа. Првото креатарот ни го продава како убава приказна еден гавран и човекот кој го спасува од давење. Без разлика дали е точно или станува збор за компилација од различни гаврани, тоа што го прави ова животно ќе ве воодушеви.

Најпрво се шета заедно со кучето и со газдата по улица, после оди да го земе чешелот по што му го дава на сопственикот да го чешла, после реди пластични чашки по големина и го храни кутрето кое не може да се качи на масата.

Пак ќе кажам, ние сме импресионирани, а верувам ќе бидете и вие.

Потоа, еден сосема различен профил објавува видео од гавран кој разликува пари! Прво му го привлекува вниманието со монета, гавранот ја зема и ја складира. Потоа го привлекува со банкнота, гавранот ја зема и неа. На крајот човекот му дава обичен лист, гавранов го зема во клунот, и го плука…

Ѕирнете го и тоа:

А, да, еден коментар под ова видео ни го привлече вниманието. Вика: „Ееј, гавранов како жена ми“.