ЖивотниПопуларно

Еве зашто некои луѓе сметаат дека мачките се “подобри” миленичиња од кучињата

Некои веруваат дека мачките се всушност многу подобри и поценети миленици отколку што ги обожаваат кучињата. Секој избира домашно милениче според сопствените афинитети и начин на живот, меѓутоа, постојат одредени објективни причини зошто мачките се сметаат за подобри – или барем попрактични – домашни миленици од кучињата.

Првата причина е секако хигиената. Имено, мачката никогаш нема да помисли да се тркала во калта, додека кучето тоа ќе го направи со задоволство. Исто така, кучињата уживаат во мирисите кои се непријатни за луѓето. Од друга страна, мачките сами се чистат. На мачките им треба потстрижени нокти, а понекогаш и четкани, но освен тоа, тие самите го одржуваат крзното.

Мачките се многу потивки животни од кучињата. Ова е факт кој ќе ги задоволи вашите соседи, но и вас, особено ако имате мало бебе. Кучињата се познати по тоа што можат неуморно и гласно да лаат во секое време од денот. Иако и мачките можат да бидат гласни, во повеќето случаи нивните мјаукања ќе бидат многу потивки од лаењето на кучето.

И за мачиња и за кученца е потребна грижа и време. Сепак, кученцата и младите кучиња имаат потреба од постојан надзор и обука за да научат добро однесување. Штом мачињата ќе научат да користат песок за да вршат нужда, ќе биде сосема безбедно да ги оставите дома без надзор. Нивната мајка ќе се погрижи да ги научи како да одржуваат хигиена. Дополнително, чистењето на отпадот од мачки е многу поедноставно отколку постојаното излегување на прошетка со кучето. Ова е голема предност ако живеете во стан.

На мачките не им треба толку простор и трчање наоколу како на кучето. Ако мачката уште од мала се навикне на просторот во кој живее и ако и обезбедите се што и треба, таа ќе биде целосно задоволна во својот дом. Од друга страна, вашето куче секогаш ќе сака да трча – во парк или во двор. Исто така, мачките ќе го почитуваат вашиот личен простор и нема да скокаат врз вас во моментот кога ќе ја слушнат отворената врата од станот, што е идеално по напорниот ден на работа, пишува The Spruce Pets.