Животни

Златен ретривер се спушти на тобоган: Урнебесно видео кое насмеа 119 милиони луѓе и го направи ѕвезда

Златниот ретривер стана популарен на интернет, а неговото видео ги воодушеви луѓето ширум светот

Домашните миленици се разиграни како децата, а тоа го докажа и златниот ретривер по име Шармин. Неодамна заедно со својот сопственик го посети годишниот саем во Висконсин, каде имаше и забавен парк за деца со различни тобогани.

Како дел од забавниот парк имаше голем тобоган, а златниот ретривер едвај чекаше да се спушти по големиот тобоган. Сепак, тој не се спушти сам. Сопственичката го стави во скут и заедно се симнаа по тобоганот. Можете да видите дека овој ретривер ужива додека се спушта по тобоганот, а на дното почнува со радост да мавта со опашката и да му дава бакнежи на својот сопственик.

Видео снимката, која беше објавена на TikTok, собра неверојатни 119 милиони прегледи за една недела и дури 7,5 милиони лајкови. Луѓето се радуваат заедно со овој златен ретривер.