Животни

Има гаврани што се попаметни и од луѓе и треба да плаќаат данок

Од време на време знае да се појави истражување што кажува дека гавраните биле многу паметни, биле таму горе со кучиња и делфини, ама едноставно тебе тоа не ти влага во глава, пошо нели, гаврани!

Налетавме на едно видевце што ни го покажува баш тоа. Човеков става нешто за јадење во цевка, а гавранот со клунот не може да го дофати. Па човеков му помага да земе шипка, гавранов ја зема шипката, и од едната страна ја става во цевката за да го истурка јадењето надвор.

Подоле има еден коментар кој што вика: Знаат и да зборат, ама ќутат за да не одат на работа и да плаќаат данок.

Снимкава има преку 1,1 милиони лајкови.

Погледнете што прави гавранов во приложеното видео: