Животни

Неверојатната трансформација на ова дебело куче го воодушеви интернетот

Инстаграм корисникот Ниал Харбисон споделил снимка од трансформацијата не едно напуштено куче од Тајланд, кое е го нарекол Синди Крафорд.

Пред да ја пронајде Харбисон, Синди лежела на улиците на Тајланд и не можела да се движи поради својата тежина. Синди имала 45 килограми, а крвниот притисок и бил толку висок што би можела да добие срцев удар во секој момент.

Но, Синди оваа недела направила важен чекор кон закрепнувањето. Изгубила 6 килограми, нејзините лекови почнале да делуваат и конечно може да се движи. Иако пред неа е долг пат, на корисниците на Инстаграм им станала вистинска инспирација.

Снимката на Харбисон ја прегледале повеќе од 397.000 луѓе, од кои некои оставиле и коментари.

„Се чувствувам убаво кога ја гледам како трча“, „Со нетрпение го чекам следното мерење“, „Одлично напредува“, се само некои од коментарите под видеото.

Напишете коментар