Животни

Не го гледајте ова видео ако сте чувствителни: Му кажала на ретриверот дека нема оди на море со семејството, а тој…

Домашните миленици се како членови на семејството, па кога треба да останат сами десет дена, никому не му е лесно.

Во периодот на одмор луѓето кои имаат миленици се во дилема дали да ги однесат на одмор или да ги остават дома, односно некој да ги чува. Така на еден златен ретривер му кажале неговите сопственици дека одат на одмор без него.

Кучето било видно потресено кога дознало дека сопствениците ќе одат на пат без него, и дека ќе мора да остане во куќата на мајката на сопственикот. Сопственичката на овој златен ретривер на својот профил на TikTok објави видео на кое се снима моментот кога му кажува дека го остава сам до петок, кога ќе се врати од одмор. Оваа информација воопшто не му се допадна на кучето, па почнало да ја крие главата и да го избегнува нејзиниот поглед.

https://www.tiktok.com/@wally.meets.world/video/7389282860902927662?referer_url=www.espreso.co.rs%2Fviralno%2Fsvastara%2F1471200%2Fpas-place%3Ffbclid%3DIwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3oQKpe7CoqCgGOXX7U0ql8oiBwyRQhPkQoYxD7lvspJZbjNfNspxfTT40_aem_0pkwzg2Fo3mhNjlDwyRdfQ&refer=embed&embed_source=121374463%2C121442748%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_share&referer_video_id=7389282860902927662

Најтажната ситуација

Сопственикот го уверил кучето дека се ќе биде во ред и дека наскоро ќе се врати по него. За да го смири, ги броела деновите што ќе поминат додека повторно да се сретнат. Го уверувала дека ќе се забавува со нејзината мајка и дека не мора да се грижи, а на крајот му рекла дека ќе и недостига.

Видеото доби бројни коментари, а има речиси половина милион лајкови. „Ова е најтажната ситуација што сум ја видел“, „Подобро би било кучето да го земете на одмор со себе“, се дел од коментарите на луѓето под објавеното видео.