Животни

Рибар за влакно ја избегна смртта: Опасна риба скокна од водата додека ловеше и за малку ќе го искасапи, видеото собра 20 МИЛИОНИ прегледи

Дека сме сведоци на неверојатни ситуации во кои секој ден за влакно се избегнува несреќа, покажува и видеото снимено во Мексиканскиот залив, на кое еден рибар за влакно ја избегнал смртта.

Имено, на видеото кое е прегледано над 20 милиони пати на социјалните мрежи, може да се види како рибар со сите сили се бори да фати син марлин на Атлантикот, риба која личи на сабјарка, но што се случи минута подоцна никој можеше да се очекува.

Во еден момент рибата наеднаш „скокнала“ на чамецот и за малку ќе го прободела рибарот во вратот. Сепак, драмата не завршува тука. Откако влетала во чамецот, таа почнала да се мачи и речиси го пресекла рибарот под пазувите. Иако рибарот постојано плачел за помош, за среќа никој не е повреден.