Животни

Риба за почетници! Вака се подготвува чекор по чекор – идеален викенд ручек (ВИДЕО)

Доколку сакате да направите одличен викенд ручек, ви препорачуваме да ја подготвите рибата чекор по чекор и ќе имате вкусен оброк. Рецептот доаѓа од Јутјуб каналот на “Bakina Kuhinja

Состојки

риба
сол
4 чешниња лук
сечкан магдонос
2 лажици лебно брашно
2 лажици пченкарно брашно
1 лажичка слатка пиперка
1 лажичка сув зачин

Подготовка:

Исчистете ја рибата, исечете ги перките и исушете ги малку со крпа и добро посолете ги. Посипете ја рибата со сок од лимон. Во садот истурете ги брашното, пиперката и зачините и измешајте.

Наполнете ја рибата со сечкан лук и магдонос, па прицврстете ја малку со чепкалки.

Добро е да се тркала во брашното што сме го подготвиле и да се пржи на врело масло. Намалете ја температурата и покријте ја.