ЖивотниПопуларно

Шеташе по улица кога врз глава и падна КУЧЕ: Остана неподвижна на тротоарот, а еве што го чека сопственикот! (ВИДЕО)

Сопственикот на куче кое тешко повреди 21-годишна девојка во Лублин му се заканува затворска казна до три години бидејќи не се грижел за миленикот.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи и медиумите може да се види огромен германски овчар кој веројатно исплашен од невремето скокнал од прозорецот од станот на вториот кат. Животното паднало директно врз главата на жена која во тој момент минувала под прозорецот.

Кучето било неповредено и веднаш истрчало по улицата, додека девојчето од силината на ударот останало да лежи неподвижно на тротоарот, без свест.

Одговорност на сопственикот

Како што пишува TVP World, девојчето итно било пренесено во болница, каде е под лекарски надзор. Според болницата, нејзината состојба е стабилна.