Животни

24 милиони прегледи: Куче и мачка ги здружија силите за да дојдат до грицките

Кога решил да го научи своето куче да преместува разни предмети низ куќата, сопственикот не ни сонувал дека ќе зажали. Всушност, неговиот ретривер Руби забележала дека сопственикот оставил кутијата со грицки на врвот на комодата. Таа ја турна корпата за перење до комодата, а потоа ја повика мачката Перл за помош.

Таа лаеше гласно и ѝ даде до знаење на мачката дека мора да ѝ помогне да ја земе кесата со јадење. Перл веднаш сфатила што треба да направи, па тргнала во акција. Таа скокнала на корпата за перење, а потоа и на комодата и со шепата ја турнала кутијата на подот. Руби ги зграпчила грицките и побегна со пленот.

Видеото собра 24,2 милиони прегледи, а многумина се воодушевени од интелигенцијата на двете животни.

„Неверојатно е колку и двајцата се паметни“, „Најлудото е што мачката ја послуша наредбата на кучето“, „Животните очигледно подобро комуницираат од повеќето возрасни“, се дел од коментарите на видеото кое можете да го погледнете во продолжение.