Забава

Ал Пачино на мета на критики поради прогласувањето на најдобар филм: „Срамота, што беше ова“

83-годишниот актер имаше задача да го прогласи најдобриот филм на годината. Тој се појави на сцената со плико во рацете, накратко и се обрати на публиката и без да ги прочита останатите филмови од таа категорија го прогласи победникот.

„Моите очи го гледаат “Oppenheimer”“, рече Пачино, но на некои тогаш не им беше јасно дали потсетува на номинираните или го објавува победникот. Публиката потоа несигурно ракоплескаше и почна победничката музика. Филмската екипа на “Oppenheimer” потоа се упати на сцената.

„Холивуд репортер“ пишува дека Пачино на таков начин ги оштетил номинираните затоа што дефинитивно требало уште еднаш да ги именува номинираните, без разлика што “Oppenheimer” бил познат како голем фаворит.

На социјалните мрежи набрзо почнаа реакциите на ова прогласување на победникот. Без разлика на грешката, многумина пишуваат дека ова бил урнебесен начин да се заврши церемонијата.

„Ова е хит. Не можеше да биде похаотично или збунувачки“, “Срамота, што беше ова”, „Ал Пачино го прогласи најдобриот филм како прв пат да слуша за филм наречен “Oppenheimer”“, „Не можам да престанам да го гледам Ал Пачино како го прогласува “Oppenheimer” за најдобар филм“, се дел од коментарите на Твитер.