Забава

Американка шокирана од грозје со семки: „Тоа не сум го видела досега…“ (ВИДЕО)

Џордан Волк, популарната американска тиктокерка, времето го поминува во Хрватска, каде со своите следбеници сподели нешто што за неа беше необично искуство.

Џордан била воодушевена од грозјето што го јадела и решила да сними видео. Таа беше шокирана, имено, поради грозјето со семки.

Во видеото кое брзо стана вирално, Џордан покажува грозје и како го јаде, и објаснува како никогаш досега не видела семки во грозје!

“Дали има семки во грозјето?” прашала таа

„Јас сум во Хрватска и секогаш кога јадам грозје ги плукам семките, што никогаш не ми се случило во животот!” Во шок и неверување, таа го споделува своето изненадување со она што го видела, покажувајќи две семки на дланката.

„Не знам. Очигледно сум премногу Американка, па никогаш не сум ги видела семките во грозје. Нема смисла oва за мене“, рече таа.

На видеото следеа бројни коментари, главно изразувајќи изненадување од нејзината реакција, додека други објаснија дека грозјето со семки е нормално и вообичаено во многу делови од светот:

„Сосема нормално“, „Има ли грозје без семки??“, „Природно е грозјето да има семки. Никогаш не сум видел грозје без семки. Поздрав од Хрватска!“, „Ако сте во Америка, садниците од грозје се ГМО, бидејќи земјоделците ги обезбедуваат семките што ќе вродат, а не можат да репродуцираат нов плод“, „Кој ќе и каже за лубеницата?“…