ЗабаваПопуларно

Батково има малку морничава замисла за вештачката интелигенција

Последниве месеци се изначитавме и изнаслушавме за тоа како вештачката интелигенција ќе ни ги земе работните места, па како мора да има контрола, па други не убедуваат дека кога роботите ќе почнат да работат место нас ќе живееме во утопија и ред други предвидувања за оваа технологија. Овој батко, ќе ми простите што не му го знам името, има сосема поинакво предвидување за вештачката интелигенција, и мора да се признае дека е малку језиво …

Па каже:

„Имаме видеоигри кои веќе постојат. Едната се вика „No Man’s Sky“. „No Man’s Sky“ беше креирана од 14 студенти на едно DVD. Има 80 квадрилиони планети, играта никогаш не завршува, има бескрајно многу животински форми и како тече играта тие се развиваат. Има цел универзум, на едно DVD. Што ќе се случи ако ставиш вештачка интелигенција на тој софтвер и тие суштества станат свесни и тие животни станат свесни.

Има друга игра која постои, „The Sims“. „The Sims“ се луѓе кои одат на работа, имаат бебиња, одат на забави, се дружат … тоа е играта. Се зборува да се стави вештачка интелигенција и во таа игра. И тие ќе станат свесни. И што ќе се случи со „SIMS“ и со другата игра кога овие луѓе и суштества ќе станат свесни со вештачката интелигенција, па пишуваат свои програми и кодови внатре во програмата и креираат нов свесен универзум. Тој универзум може да биде длабок многу, многу нивоа.

Тоа што сакам да го кажам е дека ние можеби не сме во реалноста, можеби сме креирани од предок на некој друг универзум“, вика чоеков.

Добро, за да почнеш да збориш на вакви теми треба претходно да си копал, да си копал и да си копал во мозокот додека не можеш да заспиеш, а и во коментарите на приложеното видео батково не проаѓа баш најдобро.

Поентата е дека, за многу години од сега, некоја „надувана“ група на СИМС може да дискутира дека живеат во виртуелна реалност, како и веројатно некогаш некое ваше другарче или познаник.