Забава

Бритни Спирс објави неколку провокативни видеа

Бритни Спирс сите ја паметиме, барем родените во 80-тите и 90-тите, како суперѕвезда. Редеше хит по хит, беше во врска со Џастин Тимберлејк, се изгледаше идеално, но потоа нешто се случи…

На 6 години добила титула Мис талент, а неколку години подоцна се преселиле со мајка ѝ во Њујорк, каде Бритни постојано одела по аудиции.

Потоа, во своите 20-ти години доживеа нервен слом, ја избричи главата, зборуваше бесмислици и заврши на рехабилитација.

Во последно време Бритни делува средено, меѓутоа од време на време на социјалните мрежи знае да објави некој чуден пост, провокативна фотографија или видео.

Последното со што го привлече вниманието беше објавата од пред неколку дена дека се бакнувала со Бен Афлек.

Да не должиме многу, во продолжение можете да ги погледнете споменатите видеа од Бритни.