Забава

(ВИДЕО)Не можеа да поверуваат што прави жената во авионот, следеше лавина критики

Сме виделе секакви случаеви на непристојност во авиони но инфлуенсерка и мајка на пет деца се најде под лавина критики откако направи нешто досега невидено. Патниците неможеа да поверуваат што правела во авионот.

Младата инфлуенсерка започна лавина од коментари со видео како меси леб во авион.

Марија Барадел, мајка на пет деца која сака да пече леб, неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како меси тесто за леб за време на летот за Шпанија. Таа го изведе својот несекојдневен готвачки подвиг на височина од 9.000 метри со сета потребна храна и прибор, но реакциите на нејзиното видео беа различни.

Додека некои се восхитуваа на нејзината креативност, други предупредуваа дека авионот не е погодна средина за такви активности, бидејќи не е доволно хигиенски.

„Авионот не е место за часови за готвење“, напишал еден корисник, додека друг продолжил: „Условите во авионот не се хигиенски, луѓето повраќаат, ги сечат ноктите, им менуваат пелени на децата“.

Во коментарите се огласија и стјуардесите кои го нарекоа нејзиниот потег несоодветен. „Јас сум стјуардеса и се што можам да кажам е – одвратно“, напишал еден од нив.

Некои ја обвинија дека прави се само за да привлече внимание, а други изразија загриженост за можни алергиски реакции.

„Убаво е, но немојте да го правите тоа во авион. Просторот е затворен, во воздухот се наоѓаат честички брашно и има луѓе кои се алергични“, „Да сум до тебе би побарал промена на седиштето и враќање на парите, бидејќи со недели ќе имав реакција од вдишување на брашното“, ѝ рекле гневните корисници.

Барадел подоцна се огласи и призна дека нејзината идеја можеби не била најдобро осмислена, но нагласи дека само сака да биде креативна. На крајот додала дека лебот што го јаделе подоцна бил многу вкусен.