ЗабаваПопуларно

(ВИДЕО) Пронашла тајна соба за која немала поим: Поради тоа што имало внатре, веднаш и било кажано – облече ракавици

“Само што ја најдов оваа скриена соба под нашата куќа” – напишала Лин во видеото, во кое објаснува дека е во соба во која успеала да влезе од подрумот.

Во видеото што го објави подоцна, жената рече дека семејството ангажирало проценители откако во собата пронашле неколку први изданија на ретки книги.

Повеќе од два милиони луѓе го погледнаа оригиналното видео откако беше споделено на TikTok, а илјадници ја молат жената за повеќе детали.

@lynnwhitfield7

hidden room under the house I’ve never seen……… opening the chests next. Like for part 2 #likeforpart2 #SometimesIRun

♬ original sound – Lynn Whitfield

Во коментарите, многу гледачи го повикаа семејството да носи ракавици кога ракува со древните книги.

Но, многу луѓе беа изненадени од ова откритие.

Еден корисник на социјалната мрежа се пошегува: „Ако научив нешто од Evil Dead, ако најдете скриена соба, не сакате да читате книги на глас таму“.

И многу собирачи на книги беа многу љубоморни. Едно лице одговорило: „Рудник за злато. Има колекционери кои би платиле цело богатство за некои од тие книги“. Друг се согласи, додавајќи: „Го видов Хемингвеј, толку сум љубоморен“, додека трет советуваше: „Овие книги можат да бидат исклучително скапи и ретки, затоа ракувајте со нив внимателно“.