ЗабаваПопуларно

(Видео) Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз папараци во Австралија

Таткото на Тејлор Свифт, Скот, се најде во проблем во Австралија откако наводно нападнал папараци додека го снимаат него и тимот на Тејлор, а случката е фатена и на камера.

Полицијата на Австралија го истражува случајот каде што наводно напаѓачот е таткото на Тејлор Свифт. Видеото и не е баш јасно, се гледа како обезбедувањето на Свифт пробува да го покрие аголот со чадори и како што се приближува Скот до камерите, настанува мала збрка.

Како што кажува полицијата, 71 годишен маж, кој се мисли дека е Скот Свифт, влегол во физичка пресметка со 51 годишен маж во 2 саат сабајле откако си оделе дома.

Камерманот кажува дека го фатил последниот дел од пресметката каде што не се гледа баш убаво што се случува. На настап на вести, тој кажува дека Тејлор била таму со татко и дека се враќале од ноќевање на јахта. Сè уште не се знае дали е директно вмешан Скот, но камерманот секако планира да тужи некого.

Беа исконтактирани Тејлор Свифт и нејзината придружба за коментар за ситуацијата но сега за сега се тивки.