Забава

(ВИДЕО) Ја избламирал на свадба пред сите! Пуштил експлицитно ВИДЕО од невестата, гостите виделе со кого го изневерувала својот сопруг

Младоженецот со години подготвувал одмазда!

На прв поглед, свадбата во Кина изгледала како и секоја друга – невеста во бел фустан, прошетка по патека и убава атмосфера. Сепак, тоа што следеше ги изненади сите присутни. Додека младенците стоеја на сцената, проекторот зад нив неочекувано почна да пушта видео, оставајќи ја публиката во шок. На снимката беа прикажани невестата и нејзиниот зет во интимен чин, со што било откриено неверството кое го криеле од сите.

Шокантната вистина за неверството

Младоженецот пред свадбата дознал за неверството на неговата сопруга со нејзиниот девер, односно сопругот на нејзината сестра, која дури и била бремен. Дополнителен удар беше експлицитното видео кое го добил како доказ за нивното неверство. Решен да се одмазди, чекал до свадбата за јавно да ја посрамоти својата неверна сопруга. Таа снимка која потекнува од 2019 година, неодамна повторно се појави на социјалните мрежи предизвикувајќи големо внимание во јавноста, пишува „Ало“.

Реакции на присутните и реакции на социјалните мрежи

Различни биле реакциите на присутните на свадбата – од извици на чудење до обиди да се разделат младенците. Видеото стана вирално на “TikTok”, прегледано e повеќе од 18 милиони пати, а се појавија коментари. Многумина ги осудија постапките на младоженецот, верувајќи дека тој можел да се справи со ситуацијата на поинаков начин, додека некои ја поддржаа неговата решеност да се одмазди. Видеото стана вирално и на социјалните мрежи. Оваа драма докажува колку неочекувано некои настани можат да се развијат и да станат предмет на внимание на јавноста.