Забава

(ВИДЕО) Ја избричил својата брада после 10 години, исплашената реакција на неговите деца насмеа милиони луѓе

Таткото на две деца по име Остин Метјус решил да ја избричи брадата по 10 години, што предизвикало вистински шок кај неговото семејство.

Имено, Метјус не им кажал на своите деца и сопругата дека има намера да се избричи, што може да се види од нивните реакции. Кога влегол во собата за да го покаже својот нов изглед, неговата 6-годишна ќерка почнала исплашено да вреска и да плаче, а неговиот 2-годишен син се обидел да се сокрие.

И сопругата била исто така непријатно изненадена.

„Брадата изгледа е единственото нешто што го поврзувало ова семејство“, „Поради некоја причина момчето што се крие зад плакарот е уште посмешно од девојчето што плаче“, „Децата се толку драматични“, „Брадата била еден од членовите на ова семејство“, се само дел од стотиците коментари.

Нивните урнебесни реакции насмеаја многу корисници на социјалните мрежи, а видеото има речиси 60 милиони прегледи и 6,3 милиони лајкови.