Забава

Возел пијан? Полицијата го фатила, но потоа бил ослободен на суд! А објаснувањето е прилично неверојатно

Пред судот во Бриж, белгиски државјанин беше ослободен од обвинението за возење во пијана состојба, бидејќи боледува од ретко нарушување – синдром ABS, што предизвикува телото на заболениот само да произведува алкохол.

И покрај тоа што, како што рече адвокатот на обвинетиот Ансе Гескје, „несреќна случајност е што нејзиниот клиент работи во пиварница“, таа објасни дека го прегледале тројца лекари самостојно, и дека сите потврдиле дека боледува од АБС синдром.

Неименуваниот обвинет инаку не ги почувствувал симптомите на алкохолна интоксикација, ја пренесоа белгиските медиуми изјавата на претседавачкиот судија.

„Лицата кои страдаат од овој синдром произведуваат ист вид на алкохол што го има во алкохолните пијалаци, но тие обично помалку ги чувствуваат ефектите, односно значително помалку влијанието на тој алкохол врз нивниот организам“, објасни Лиза Флорин, клинички биолог од белгиската болница „Свети Лук“.