ЗабаваПопуларно

Во Германија се промовираше ново пиво кое е направено од отпадна вода!

„Reuse Brew“ е пиво направено во Вајсенбург, Германија, од филтрирана канализациона вода и е на насловните страници за користење на невообичаен начин за одржување на животната средина!

Иако компанијата имаше некои проблеми со нејзиниот јавен имиџ, таа тврди дека нејзината вода е почиста од онаа што ја користат традиционалните пивари.

Портпаролот на компанијата за третман на вода Xylem изјави:

„Можам да ве уверам. Нема да најдете ништо од пречистителната станица за отпадни води. Нема да осетите ништо”

Интересен коментар имаше еден корисник кој се запраша: “Дали би пиеле пиво направено од свежа изворска вода, или па пиво од рециклирана мочка? Нека ви е со среќа маркетингот!”

Додека креаторите на „Reuse Brew“, велат дека пијалокот е безбеден, има добар вкус и неговата цел е да ги покаже можностите за современ третман на водата – и како водата може одржливо да се користи.