18+Забава

Во паника сум – поседува видеа од мене гола!“ Познатиот тенисер скрил камера во клима и ја шпионирал поранешната девојка

Познатиот аргентински тенисер и поранешен тренер на српскиот ас Миомир Кечмановиќ, Давид Налбандијан (41) обвинет е за вознемирување и демнење на својата поранешна девојка Арсели Торадо (30).

Атрактивната Аргентинка побарала од судот да одреди забрана за приближување на поранешниот тениски ас, откако пронашла скриена камера во клима уредот во нејзината спална соба.

Таа тврди дека Налбандијан поставил камера во куќата што ја изнајмил за неа во Буенос Аирес. До судот доставила видео на кое е снимен моментот кога нејзиниот брат ја наоѓа камерата во клима уредот, а наводно го има и признанието од тенисерот на „WhatsApp“ дека тој ја инсталирал камерата.

Братот на Арсели забележал одраз зад отворот на клима уредот кога влегол во нејзината соба, па го тргнал капакот и ја нашол камерата. Жешката бринета била во целосен шок, доживеала напад на паника бидејќи сфатила дека тенисерот сега веројатно има нејзини голи фотографии на мобилниот телефон.

Одлучила јавно да се огласи по тој повод: „Добро е што можам да разговарам со вас и да ја кажам мојата страна на приказната. Овој момент го чекав со месеци, со оглед на тоа дека жалбата ја поднесов во средината на годината. Чувствувам олеснување, бидејќи правосудниот систем реагираше“, изјавила Арсели за аргентинските медиуми, додавајќи: „Налбандијан ме снимал доволно долго за да сега би имал видеа и фотографии на кои сум гола, како и други приватни моменти кои ме вклучуваат мене, моето семејство и моите пријатели. Во паника сум поради сè што би можел да има во својот телефон. Сакам судски налог за заплена на неговите електронски уреди“.

Таа истакнала дека била принудена да се пресели кога ја открила камерата. Таа тврди дека нејзиниот поранешен признал дека ја снима, но и дека на снимките ништо не се гледа поради проблемите со интернетот.

Да потсетиме, Налбандијан е еден од најдобрите аргентински тенисери на сите времиња. Во кариерата освоил 11 турнири, а бил и вицешампион на „Вимблдон“. Негов најдобар пласман е третото место на АТП листата. По одличната играчка кариера запловил во тренерските води и извесно време соработувал со српскиот тенисер Миомир Кечмановиќ.

Напишете коментар