Забава

„Го оставив моето момче затоа што трошеше повеќе на козметика отколку јас! Постојано беше пред огледалото …“

Тој стана опседнат со изгледот. Отидовме на одмор и тој донесе повеќе козметика од мене. Потоа помина со часови пред огледалото. Сакав само да уживам на плажа – се жали овој модел…

До неодамна, бразилската инфлуенсерка и модел Ванеса Моура мислеше дека го запознала човекот на нејзиниот живот. Нивната врска убаво нашредивача, имале многу заеднички работи, но потоа наеднаш се се “скршило”…

– Почна да троши апсурдни суми пари на производи за убавина. Тој дури и ги користеше моите. Сакам мажи кои се грижат за себе, но кога тој троши повеќе на козметика од мене, тоа е знак дека нешто не е во ред. Затоа го клоцнав – вели Моура, пишува Дејли Стар.

Оваа 30-годишна девојка на Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, има и своја линија на производи за убавина, но вели дека нејзиниот живот не се врти околу тоа.

– Не го поминувам целото време пред огледало. Мојот поранешен еднаш потроши околу 4.500 долари на разни производи за убавина за само еден месец! Потоа почна да зборува за тоа како е понегуван од мене и дека изгледа помладо. Сфатив дека за него тоа е натпревар да види кој може подобро да се грижи за себе, тоа немаше никаква смисла за мене – вели Ванеса.

Дечкото лошо го доживеал раскинувањето, па ја обвинил дека му е љубоморна …

– Стана опседнат со изгледот. Отидовме на одмор и тој донесе повеќе козметика од мене. Потоа помина со часови пред огледалото. Сакав само да уживам на плажа, а тој тоа време го помина подготвувајќи се за излегување – вели Ванеса на крајот …