Забава

Дали некогаш сте биле во село и не сте сакале да се вратите во град? Епа за ова велат дека е најубавото на светот

Селото Грасмер и Рајдал Вотер се одлична почетна точка за истражување на Лејк Дистрикт, еден од најубавите делови од Англија.

Лејк Дистрик, планинското подрачје на северозападот од Англија и најголемиот национален парк во земјата претставува рај за љубителите на природата, каде што со часови може да се шета, истражувајќи ги бајковитите улички и уживајќи во кадарот настанат од густата магла.

Унеско уште пред пет години ја препозна важноста на овој пејсаж чијашто убавина писателите и уметниците неуморно ја опишувале во своите авторски дела.

Тука се наоѓаат најголемите англиски езера, од коишто најголемо е Виндермир, како и најголемата англиска планина Скафел Пајк.

Селото Грасмер е единствено село со преубави плоштади и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век како и дом на одлични кафеани, неверојатни книжарници коишто ги посетуваат љубителите на планинската книжевност, а селото е дом и на некогашниот поет Вилијам Вордсворт. Неговата куќа и денес се наоѓа на крајот од селото окружена со брдо и шума. Познатиот поет селото Грасмер го сметал за „најубавото место коешто човекот го има пронајдено“.

Во 1890 година, околу 40 години по неговата смрт, куќата за прв пат беше отворена за јавноста, а со текот на времето почна да привлекува сè поголем број на посетители. Во последно време, десетина илјади луѓе секоја година ја посетува оваа куќа, пренесува „Рunkufer“.

Покрај историјата во Грасмер можете да ја истражувате и локалната кујна, од мирисни погачици со џем и кајмак, пита со лимон, чаден лосос и фаширани јајца до „rarebit“ – похован леб со мешавина на сирења.

Неколку стотини метри јужно од селото се наоѓа езерото Грасмер, покрај кое можете да прошетате или да се упатите кон планините во Скидау, Хелвлајн, Скафел Пајкс и Лангдејл Пајкс.