ЗабаваПопуларно

Девојката нема ниту еден заб во вилицата, но не и пречи: Тврди дека мажите го сакаат ова и дека сега е уште попопуларна

Многу девојки би биле депресивни доколку немаат ниту еден заб, но една не дозволила проблемот да влијае на нејзината самодоверба. Таа објави видео на својот профил на TikTok, кој има над 400.000 следбеници, во кое ја раскажува својата приказна.

Нејзините протези не и пречат

Девојката воопшто не изгледала загрижена, туку гордо се прошетала пред камерата покажувајќи ги своите протези. „Беше полесно да излегувам со момци кога добив протеза, но во врска сум веќе пет години. Сепак тоа ми даде поголема самодоверба на почетокот“.

Мажите го сакаат тоа

Под нејзиното видео имаше коментари од девојки и жени, а некои кои носат и протези, напишаа дека нивните партнери се радувале поради тоа. „Мојот дечко нема поплаки“, „Партнерката ми рече дека е подобро без заби. Тоа е права ствар“, „Некаде прочитав дека и многу други мажи го мислат истото. Ми ја зголеми самодовербата“, се дел од коментарите.

Луѓето ја сакаат затоа што се шегува на своја сметка. Речиси во сите нејзини видеа, оваа девојка самоуверено покажува како изгледа без протеза и си ја исмејува ситуацијата. Таа зборува и за проблемите со кои се соочува. Многу следбеници ѝ се заблагодаруваат во коментарите што објавува вакви работи, бидејќи тоа им помага полесно да се справат со проблемот.

Најпопуларното видео на оваа девојка е прегледано дури 12,8 милиони пати. Во него ги вади протезите од устата, а потоа ги враќа назад и се насмевнува. Нејзината порака гласи: „Убава си без разлика на се! Биди верна на себе“.