Забава

Девојка зевнала посилно од обично па завршила на ургентно!

Вилицата на девојката не само што се заглавила, туку и 4 доктори морале да ја местат!

Во необичен инцидент, 21-годишната инфлуенсерка заврши во болница откако премногу се прозева.

Џена Синатра од Њу Џерси очигледно ја отвори устата повеќе отколку што требаше, што резултираше со „заклучување на вилицата“.

Таа го документираше своето тешко искушение на Инстаграм, само неколку дена пред нејзиниот роденден. Слушаме како му кажува на докторот дека еден час не може да ја затвори устата и дека чувствува болка.

Веднаш е организирано снимање на рендген и утврдено е дислокација на виличниот зглоб.

„Не можам да верувам дека ова се случи“, напиша таа покрај видеото, кое го погледнале повеќе од 2,4 милиони луѓе.

Поминала неколку часа во болница, примила терапија, а во прилагодувањето на вилицата учествувале четворица лекари. Потоа ја предупредиле дека проблемот може да се повтори.

Видеото на Џена го сподели пластичниот хирург д-р Ентони Јан од Мичиген, кој потоа објасни:

„Ова ретко се случува, а причината е зевањето. Се јавува дислокација на вилицата, а тоа обично се отстранува со лекови за релаксација и рачно прилагодување.