Забава

Девојка снимаше тикток видео и испадна од воз во движење! Веднаш беше пренесена во болница!

Инцидентот се случил на 5 август на југот на Тајланд, во близина на железничка станица во провинцијата Наративат

Државната служба соопшти дека 19-годишната девојка по име Ф.Р се обидувала да сними видео на TikTok кога ја доживеала несреќата.

После тоа била пренесена во болница каде било констатирано дека се здобила со полесни повреди.

На снимката се гледа како девојката се наведнува низ вратата на возот додека се движи, но не го забележала столбот покрај пругата кој ја удрил во глава.

Иако за момент останала на скалите, надзорните камери забележале дека набрзо паднала надвор.

Железничката служба соопшти дека возот се движел со мала брзина, а извештаите велат дека патникот претрпел полесни повреди, вклучувајќи повреда на прстот, модринки, отоци и главоболка.

Рендгенските снимки не покажале внатрешни повреди, а лекарите и дозволиле да се врати дома.

Официјалните лица го оценија овој инцидент како „несовесен и крајно несоодветен“, предупредувајќи дека таквите постапки може да доведат до сериозни несреќи со трајни последици или смрт.