Забава

Девојчево од сликава денес е една од најпознатите манекенки

Објавувајќи неколку фотографии од минатото, руската манекенка Ирина Шајк се присетила на своето детство и периодот на адолесценција.

Имено, Ирина на Инстаграм споделила фотографија од тинејџерските години, но и црно-бела фотографија на која се гледа како девојче од 3-4 години.

На последната фотографија во низа, таа може да се види во своите тинејџерски години како позира со својата мајка Олга.

Ирина е родена во 1986 година во Јеманжелинск, Русија. Својата манекенска кариера ја започнала во 2004 година кога потпишала договор со локална агенција за модели во Москва. Во 2006 година се преселила во Париз, а светската слава ја стекна во 2011 година како прва Русинка која позирала за насловната страница на „Sports Illustrated“.