ЗабаваПопуларно

Дизни го менува Џек Спероу со женска улога!

Кога се во прашање пиратски филмови, “Пиратите од Карибите” несомнено е еден од најдобрите, ако не и најдобар филм базиран околу пирати. Но дали тоа ќе остане така откако ќе се смени најголемата улога во филмот?

Ако ги погледнеме претходните снимени филмови на Дизни, лесно е да се види дека не станува збор за истиот Дизни кој на времето ни го даде Мики Маус, Пајо Паторот и ред други безвременски цртани и филмови. Во последно време, сите нивни филмови најчесто се поврзани или со полов идентитет или со разноликост на улоги.

Баш таа разноликост може да стави крај на Пиратите од Карибите. Доколку не сте упатени, Џони Деп беше грешно обвинет за домашно насилство од тогашната девојка Амбер Херд. Како резултат на обвинувањето, Дизни го отпушти Џони Деп и одлучи дека тој повеќе нема да биде дел од актерите кои ќе глумат во Пиратите од Карибите. Во интервју со „Cosmopolitan“ на прашањето ’Дали би глумел повторно во Пиратите од Карибите за 300 милиони долари и милион алпаки?‘, Деп брзопотезно одговори негативно, иако Алпаката му е омиленото животно и кажа дека е многу повреден што не добил поддршка од Дизни кога најмногу му требала.

Сега Дизни, во обид да го смени Џек Спероу, одлучи дека достојна замена би била Ајо Едебири (не се секирајте и ние не ја знаеме), која е црна актерка, наводно позната по нејзината улога во „The Bear“ за која што доби Златен глобус, и Emmy награда.

Но на Дизни не им е доволно само да го заменат иконскиот Џек Спероу со црна девојка, они мораат да отидат и еден чекор подалеку. Црната девојка ќе ја игра улогата на Ен Бони, која не е фиктивен пират, туку вистински. Ен Бони е една од најпознати пирати поради тоа што била една од ретките пирати што во тогашно време всушност била жена. Интересното е што Ен Бони има потекло од Ирска, и во малкуте слики кај што е прикажана, таа е бела жена со црвена коса.

Значи да повториме. Дизни ја менуваат главната машка улога во својот филм (Џек Спероу), со црна жена која што ќе треба да игра улога на бела жена со потекло од Ирска … Алал нека им е.

Пиратите од Карибите до сега имаат снимено вкупно 6 делови за кои имаат заработена огромна сума од 4.5 милијарди на светско ниво.