ЗабаваПопуларно

Директор на основно училиште си дал оставка поради една чаша кафе!

Директор во основно училиште во Јапонија беше фатен како точи кафе поскапо него ли тоа што го платил, по што следеше оставка!

Дисциплината во азиските држави во споредба со таа во балканските може да се каже дека се два различни светови. А кога дисциплината ќе ја „наруши“ еден од лидерите на училиштето, секако дека ќе сноси последици. Но она што е специфично во оваа ситуација е причината за целово фијаско е нереално!

59 годишниот директор кој не остана неименуван, плаќал за средна големина чаша за кафе, а си ставал во голема чаша! Па како не му е срам!

Тој кажа дека вработените на продавницата не забележале дека тој дал 0.75 центи за чашка која чини 1.25 долари. Директорот кажа дека до сега ова се случило само 7 пати, а последниот пат бил „фатен“ од една од вработените, по што доброволно дал оставка од својата позиција. Всушност, вкупната сума што тој ја имал “украдено” изнесува три долари. За цели три долари е дојдено до напуштање на работно место, но во Јапонија, принципите се најважни.

Директорот веднаш се извинил до сите студенти и нивните родители – „Сакам да се извинам на сите студенти и родители кои имаа доверба во мене. Мојата улога во ова училиште беше да го водам чесно и да поттикнувам дисциплина. Длабоко се извинувам“

Обвинители одлучија да не го тужат директорот бидејќи му било прв прекршок. Исто така ова е прв пат Јапонец да биде обвинет во училиште за точење повеќе кафе од дозволеното.