ЗабаваПопуларно

Европската земја бара укинување на традицијата според која таткото ја „дава“ невестата на свадба: „ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ НА СРАМНАТА СИМБОЛИКА“

Сцените како во филмот каде таткото ја води невестата до црковниот олтар на денот на свадбата, наскоро би можеле да станат минато.
Или барем така ќе биде во Шведска, каде под влијание на западната култура се вкорени оваа практика, а сега сакаат да ја укинат.

Традиционално, во Шведската лутеранска црква, младоженецот и невестата одат заедно до олтарот, за разлика од британската и американската практика каде невестата често е придружувана од нејзиниот татко. Неодамна, можеби под влијание на глобалните телевизии, филмови и социјалните мрежи, се повеќе Швеѓанки сакаат да ги „предадат“ нивните татковци на свадбата.

Ова прашање, кое некои Швеѓани го нарекоа „холивудска традиција“, веќе некое време предизвикува дебата. Посебно се најде во центарот на вниманието во 2010 година кога шведската престолонаследничка принцеза Викторија реши нејзиниот татко, кралот Карл Густаф, да ја прошета по патеката. Неодамна дебатата повторно ескалира, пишува Гардијан, откако на есенскиот собир на Шведската црква бил поднесен предлог да се забрани практиката на предавање на невестата од страна на таткото

Сара Валденфорс, свештеник во една црква, која ја предложи оваа забрана заедно со Јеспер Енерот, истакнува дека е важно да се препознае патријархалната симболика што ја носи таквата практика.

„Релативно новиот тренд таткото да ја донесе невестата пред олтарот и да му ја предаде на новиот сопруг не е во склад со нашата црковна традиција. Иако тој момент можеби изгледа убав на младенците, не можеме да го игнорираме она што го симболизира: таткото кој предава малолетно девојче на нејзиниот нов старател“, рече таа, цитирана од Вечерњи лист.